Вашите пораки низ светот во врска со мигрантските и бегалските кризи што се случуваат во Африка, на Блискиот Исток и Европа длабоко не трогнаа. Очигледно, ова е неверојатно сложена и трогателна ситуација, затоа во последните неколку недели напорно работиме да дознаеме како ние – како заедница – можеме најдобро да ја оствариме нашата визија на „Да припаѓаме насекаде“ (Belonging Anywhere) во овие тешки времиња.

Нашиот пристап
нашата способност да ги активираме нашите ресурси моќно и одговорно. Работиме со нашите партнерски невладини организации за најдобро да разберереме како Airbnb може да понуди уникатна поддршка за најдобро да ги задоволиме нивните потреби, а потоа внимателно и креативно размислуваме како одговорно да ги едуцираме и охрабриме нашите домаќини, гости и вработени да помогнат на најкорисен можен начин.

Активирање за давање помош
Наоѓање на бесплатно, пријатно и топло сместување за хуманитарните работници е област во која можеме да обезбедиме брза и значајна помош, којашто ниедна друга компанија или заедница не може да ја обезбеди. Нудиме кредит за патување за хуманитарните работници во Mercy Corps и< International Rescue Committee (IRC) за да можат да имаат место коешто би можеле вистински да го наречат свој дом додека работат во Грција, Србија и Македонија. Нашите партнерски невладини организации ни кажаа дека ова е најголемата помош што можеме да ја понудиме.

Исто така, активиравме и страница за донации каде што ве каниме да ни се придружите во давањето финансиска помош за UNHCR (Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации), којшто ги предводи глобалните активности околу оваа криза и којшто ќе ги употреби финансиите за најитните потреби вклучувајќи обезбедување засолништа, вода, храна и медицински услуги. Ќе ја поддржиме вашата великодушност со поврзување на вашите придонеси со дополнителни купони за патување (со првична вредност до вкупно $200,000) за сместување на хуманитарците.

Следните чекори
Како што знаат многумина од вас, во минатото ја употребувавме нашата хуманитарна алатка за помош во време на кризи, којашто е дизајнирана да понуди привремено сместување за оние што имаат потреба од истото откако биле раселени поради природни катастрофи, како, на пример, пожар или невреме. По долги консултации со UNHCR и други партнери за помош при катастрофи, сфативме дека нашата платформа не е дизајнирана за адекватно да ги задоволи потребите на бегалците што се наоѓаат илјадници километри од своите домови на коишто им е потребно долгорочно сместување и професионални услуги, и коишто се правно ограничени во многу активности.

И покрај овие ограничувања, ќе продолжиме да бараме начини со нашите партнери од НВО со коишто ние како заедница ќе можеме да помогнеме во давањето поддршка на овие ранливи заедници да „Припаѓаат насекаде“.

Фотографија од: UNHCR